СВР Тетово: Одложена посетата на делегацијата на Саудиска Арабија, нема да има сообраќаен режим
Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека најавениот посебен сообраќаен режим за утре (11 јануари) во Тетово нема да се спроведе од 5 часот и 30 минути до 12 часот, како што првично беше планирано. Причина е одложената посетата на високата делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија.
-Тоа значи дека утре сообраќајот во Тетово ќе се одвива нормално и без никакви ограничувања на претходното споменатите улици, а истото се однесува и за паркирањето на возилата, информираат од СВР Тетово.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи и посебно оние кои се однесуваат на паркирањето на возилата, а пред се да избегнуваат паркирање во таканаречени „двојни редови“.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна