СВР Скопје: Казнети 50 возачи поради поголема брзина од дозволеното, исклучени 38
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 38 возачи од кои: 11 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, еден возач затоа што бил возач-почетник и 8 останати сообраќајни прекршоци. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се 7 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, 10 возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување,11 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 5 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 67 мандатни платни налози и 40 возила се подигнати со специјално возило пајак. Изминатиот ден се случиле 8 сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 7 лица со телесни повреди.
Ново на Сител
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло
-
Кривична против полицаец од скопски Аеродром - не извршил пасошка контрола на лице со мерка „апси“
-
Три лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар
-
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава