СВР Штип со апел до учесниците во сообраќајот, за само два дена на патиштата има две жртви
За само два дена од Новата 2023 година на подрачјето на Полициската станица-Штип во сообраќајни несреќи загинаа две лица.
На првиот ден од Новата година загина 21 годишно момче од Скопско, а синоќа 37 годишен маж од Пробиштип во судир меѓу автобус и возило Опел астра, во кој бил сопатник.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова на денешната прес-конференција вели дека возачот на автомобилот е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип. Панајотова истакна дека продолжуваат со засилени акциски контроли на патиштата, кои се на подрачјето на СВР-Штип.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот на крајна внимателност и одговорност, максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја прилагодат брзината спрема временските прилики (магла) и состојбата на коловозот, бидејќи секое непочитување може да заврши со сериозни и фатални последици, вели Панајотова.
Посочува дека лани на подрачјето на СВР-Штип загинале 14 лица, а идентичен е бројот на жртви во сообраќајни несреќи во овој регион и во 2021 година.
Ново на Сител
-

Најмалку 25 лица загинаа во поплавите предизвикани од ураганот Мелиса на Карибите
-

Трамп: Постигнат е договор со Кина за извоз на ретки метали
-

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз
-

Почнува дистрибуцијата на гласачките ливчиња, в недела ќе се гласа во 32 општини и Скопје
-

Трамп најавува почеток на нови тестирања на нуклеарно оружје
-

Со потпишување на „Декларација Скопје“ завршува 14. Глобален форум за одржлива енергија
-

Студено утро, преку ден сончево
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
