СВР Охрид: Навремено откриени девет пожари, патроли на пунктови на шумски терени
Со цел поефикaсна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, СВР Охрид на целото подрачје постави полициски пунктови од каде се надгледуваат отворените простори и се спроведуваат полициски патроли за преглед на шумските терени, посебно на потенцијални покритични места.
Од досега преземените мерки, на подрачјето на СВР Охрид, навремено се забележани девет пожари кои се појавиле во шумски подрачја и со брза интервенција на надлежните служби, тие се локализирани и спречено е нивното понатамошно ширење. Заради поефикасна борба, СВР-Охрид ги вклучи и сите други расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем, велат од СВР Охрид.
Во соработка со Територијалната противпожарна единица, ЦУК, ДЗС, ЈП „Национални шуми“, националните паркови, шумската и граничната полиција, Армијата, органите на локалната самоуправа, Црвениот крст и другите надлежни субјекти и институции се следат состојбите на подрачјето во врска со пожарите и се преземаат мерки за заштита и навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите останати релевантни субјекти, за координирано преземање на натамошни мерки и нивно навремено локализирање.
Ново на Сител
-
Формалдехид над дозволеното нема во салите, но има во доводот на компримиран воздух кој не е во употреба
-
Синдикатите ги интересира само департизација и пари – почна дебатата за реформа на администрацијата
-
O’Брајан: Македонија страда поради несогласувањата со соседите
-
Преглед на вестите од светот
-
Трендафилов: Департизација на јавниот сектор и да нема вработувања на партиски кадри
-
Над 20 спортски настани од 23-31 август во Охрид
-
Пожарите прават пустош во светиниколско
-
Голем пожар во Пехчево се приближува до првите куќи во градот