Претседателката Сиљановска Давкова помилуваше пет лица
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилува пет осудени лица, од кои две потполно, а три делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор. Одлуката е објавена во Службен весник.
Двете лица кои целосно се ослободуваат од затворска казна се: Андреј Методија Мојскоски од село Селце и
Миран Латифи Исмајли од с.Слатина.
Делумно пак се ослободуваат три лица: Блаже Владимир Стојанов од Штип, во траење од 2 месеци, Ванчо Делче Кржовски од Пехчево и во траење од 2 месеци, Ненад Душко Магделиниќ од Штип, во траење од 2 месеци.
Овие помилувања се уставно право на претседателката и претставуваат први помилувања откако стапи на функцијата.
Помилувањата како институт се еден од основните уставни надлежности на претседателот. Постојат два вида на помилување, и тоа редовни, односно кога лица и граѓани на земјата индивидуално испраќаат молби за помилување до Министерството за правда, кои потоа се доставуваат до Кабинетот на претседателот, односно Комисијата за помилување која детално ги разгледува и потоа му доставува предлози на претседателот.
Групните помилувања се втора категорија и за нив постапката се одвива двапати годишно, за 2 Август – Илинден и новогодишните празници. За групните помилувања, предлозите до Министерство за правда пристигнуваат од казнено-поправните домови, а не по индивидуални барања на лицата кои отслужуваат казна.
Ново на Сител
-
Експлозии низ Бејрут во текот на ноќта, напаѓани финансиерите на Хезболах
-
Премиерот Мицкоски во Салцбург на 20. Европски самит
-
Нема опасност за посетителите на ЗОО Скопје доколку немале директен контакт со заболените птици
-
СЗО: Египет е земја без маларија
-
Слот по победата над Челси: Најтешкиот натпревар досега, вложивме неверојатен напор
-
Почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
ПМФЛ: Силекс го победи актуелниот шампион, Вардар поразен и од Беса
-
Алаба не се откажува, почна да трча без болки во коленото