Македонија
1. August 2024 - 21:13

Припадникот на ОВК баран со потерница оди во куќен притвор

Укинат екстрадициониот притвор за поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани. Косовскиот државјанин кој Србија го бара за воени злосторства побарал поблага мерка, а таквото барање го прифатил кривичниот суд и му одредил куќен притвор. Одлуката судот ја донел според законот за меѓународна соработка во кривична материја според кој

„Притворот заради екстрадиција се укинува кога ќе се оцени дека престанале причините поради кои е определен или во случај кога во рок од 40 дена не е доставено барање за екстрадиција“

Според одлуката на судот, Рамадани во куќен притвор во Скопје ќе остане до 16 август.. Дека тој повеќе не е во истражниот затвор во Шутка потврдуваат од установата.. Решението го добиле еден час после пладне и веднаш со полициска придружба Рамадани бил префрлен на адресата каде ќе ја издржува мерката куќен притвор..

Укинувањето на притворот за Рамадани доаѓа по само еден ден од посетата на косовскиот министер за внатрешни работи кој изјави дека како соседни земји, нема да дозволат ограничување на слободното движење зараади како што рече, криминално барање на трета земја..

Во меѓувреме македонскиот вицепремиер Изет Меџити синоќа во емисија на косовска телевизија изјави дека прават се да го ослободат Рамадани. Потсетува дека двајца поранешно војници исто така барани со потерница од Србија биле ослободени од македонското судство.

„Се обидуваме побрзо да ја придвижиме правдата бидејќи уште два случаи завршија на Врховниот суд и на крајот тој Суд ги ослободи. Разговараме со Владата на Косово и мислам дека и овој случај ќе заврши исто, со одлука на Врховниот суд.

Куќниот притвор за Рамадани веќе предизвика незадоволство во Србија. Тамошните медиуми, одлуката ја нарекуваат срамна и скандалозна.. Потсетуваат на изјавата на министерот за внатрешни Ивица Дачиќ дека очекувал Македонија да го испорача бившиот припадник на ОВК во Србија.

Рамадани е трет косовски државјанин уапсен во земјава по барање на српската полиција која го сомничи за воени злосторства. Претходно беа уапсени Гафур Дуголи и Томор Морина, но беа ослободени со одлука на судот.