Светски ден против пушењето
По повод Светскиот ден против пушењето, екипи на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза, денеска, од 11 до 14 часот во Скопје сити мол, на заинтересирани граѓани ќе им прават тестови за белодробната функција која може да е оштетена од пушење и ќе им презентираат податоци за штетните ефекти.
Ќе се изведуваат тестови за одредување на вредноста на карбон моноксид во издишаниот воздух со помош на апарат: check smoke analyser, за присуство на кислород во крвта (изразено како сатурација со кислород во проценти) со помош на апарат- пулсоксиметар и на вредноста на максималниот експираторен проток (индивидуална способност за издишување на што поголема количина на воздух од белите дробови) изразен како ПЕФ со апарат пикфлоуметар.
Ќе се пополнува прашалник за општи податоци за пушачките навики (стаж, број на дневно испушени цигари, присуство на кашлица и сл) и ќе се пполнуваат две листи кои се однесуваат на пушачите и можноста да пресметаат колкави се нивните трошоци за пушењето и кои се продобивките ако се откажат од пушењето.
Скопје сити мол и „Просветно дело“ ќе спроведат акција во која сите пушачи, кои ќе ги фрлат своите кутии полни со циграи, ќе добијат книга за здравјето.
Мотото на Светска здравствена организација за годинава е апел до сите земји „Бидете спремни за едноставни, обични пакувања на цигарите", што значи забрана или рестрикција на употреба на лого, слики, пораки и слично на кутиите за цигари. Ова ја намалува атрактивноста на пушачките продукти, ја ограничува примената на кутиите како место за информации и податоци и ја зголемува ефективноста на грижата за здравјето. Може да бидат напишани само името на продуктот и брендот во обична боја.
Ново на Сител
-
ИДФ: Околу 900.000 Палестинци евакуирани од градот Газа
-
Сирија ги одржува првите избори по падот на Ал-Асад
-
Американски федерален судија привремено го блокира Трамп да испраќа војници во Портланд
-
Нетанјаху се надева дека сите заложници наскоро ќе бидат ослободени
-
Радев по телефонскиот раговор со Сиљановска Давкова: РСМ е подготвена да ни помогне во справувањето со последиците од поплавите
-
Една недела од изборната кампања за Локалните избори
-
Семакедонски православен христијански собор во Велес
-
Трамп: Примирјето во Газа ќе започне откако Хамас ќе ја потврди линијата на повлекување на израелската војска