Светски ден на детето
Денеска е Светски ден на детето и по тој повод децата ширум светот ќе се појават во медиумите, политиката, бизнисот, спортот и забавата, за да укажат на најголемите проблеми со кои се соочуваат, соопшти Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
На денешен ден се одбележува годишница од Конвенцијата за правата на детето, потсетува УНИЦЕФ и укажува дека сите деца имаат права кои произлегуваат од оваа Конвенција без оглед на тоа кои се, каде живеат, што им работат родителите, дали се сиромашни или богати, на кој јазик зборуваат, на која религија или култура и припаѓаат, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.
Сепак, и покрај одредбите од Конвенцијата и напредокот кој е постигнат, статистиката покажува дека децата се уште се соочуваат со големи предизвици.
- Одбележувањето на Светскиот ден на детето ќе овозможи да се слушне гласот на децата и тие да укажат на најголемите предизвици со кои се соочуваат, се истакнува во соопштението.
- Кренете го гласот и помогнете за да се спасат детски животи; помогнете им на децата да се борат за своите права и да го остварат својот потенцијал, се вели во пораката на УНИЦЕФ Македонија, објавена на Фејсбук профилот на организацијата.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати