Македонија
10. October 2016 - 8:49

Светски ден на бездомништво

По повод Светскиот ден на бездомништво денеска во пунктот за бездомници во Момин Поток 1 корисниците на услугите ќе добијат свечен ручек кој е донација од приватно лице.

Од Црвениот крст на град Скопје информираат дека ќе бидат обезбедени и џемпери за лицата што претставува подготовка за студениот период.

На пунктот во Момин Поток, кој функционира осум години, секој петок и понеделник лицата добиваат хигиенски услуги, чиста облека, можност да се испере старата облека, храна, прегледи од лекар и бесплатни лекови според потребите, психосоцијална поддршка и услуги од социјален работник.  

Преку пунктот корисниците секоја зима добиваат топла облека, обувки, ќебиња, вреќи за спиење, а според потребите се отвора и привремено преноќувалиште.

Ново на Сител