Ќе има ли „четворка“ во НБА лигата ?!
Нова дилема во кошарката отвораат луѓето од НБА лигата кои сметаат дека овој спорт ќе биде поатрактивен доколку се воведе и удар од далечина кој ќе вреди 4 поени. Ова би бил револуционерен потег во спортот кој претрпел малку промени се до 1979 година кога беше воведен ударот за три поени од линијата од 7.24 метри. Овој шут стартуваше во НБА лигата а потоа се пресели и во Европа и другите дестинации.
Во последно време се почесто кошаркарите шутираат и погодуваат и од многу подалеку. На некои им стана рутина да погодуваат и од 9/10 метри, а има кошеви и од другиот крај на теренот. Затоа и започна размислувањето на воведување на удар за четири поени.
„Имаше разговори за воведување на шут за четири поени. Засега нема конкретен напредок околу ова прашање“, рече првиот човек на НБА лигата, Адам Силвер.
Засега има многу скептици околу евентуалното воведување на шут за четири поени, но така било и пред 38 години, кога прв пат се шутираше за три поени. Ако се воведе шутот за четири поени, драстично ќе загуби на вредност играта под кош, од каде реализација се брои со два поени.
Ново на Сител
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава