Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
Светот беше на праг на историска победа – искоренување на детската парализа (полио). Но, според опсежна истрага на „Асошиетед прес“, серија пропусти, фалсификувани податоци и несакани ефекти од оралната вакцина овозможија враќање на болеста за која се веруваше дека ќе биде засекогаш поразена.
Како што пишува агенцијата, интерни документи и сведоштва на здравствени работници покажуваат дека за време на масовните кампањи за вакцинација во земји како Пакистан и Авганистан често биле лажирани податоци, дозите ги давале необучени лица, а цели заедници биле прескокнувани.
Во некои случаи, работниците внесувале „измислени“ записи за да ги задоволат меѓународните донатори, додека децата останувале незаштитени.
Оралната вакцина (ОPV), која со децении беше клуч на успехот, денес стана и извор на проблеми. Во ретки случаи, вакцината може да ја предизвика самата болест, а мутирани соеви на вирусот од вакцината се прошириле во заедници со ниска стапка на имунизација. Според податоците на АП, токму овие случаи се најголем извор на нови инфекции надвор од Авганистан и Пакистан.
Иако со кампањата од 1988 година досега се вакцинирани повеќе од три милијарди деца и спречи околу 20 милиони случаи на парализа, целите за целосно искоренување постојано се одложуваат. Роковите се пробиени најмалку шест пати, а полиото и понатаму е ендемично во Авганистан и Пакистан.
Експертите предупредуваат дека светот сега се соочува со парадокс – наместо завршна победа, постои реална опасност детската парализа повторно да стане глобална закана.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години