Светиот крст во Тетово го фати Миле Стојановски
Педесет и четиригодишниот Миле Стојановски од тетовската населба Поток беше најуспешен од тројцата верници и го извади Светиот крст од базенот во дворот на соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ при денешното одбележување на празникот Богојавление – Водици во Тетово.
- По втор пат скокам по крстот и пред 10-ина години и сега успеав да го фатам и многу сум среќен поради тоа. Посакувам Господ да даде здравје, а на сите верници се најдобро, рече Стојановски.
Претходно митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф отслужи Света божествена архиерејска литургија и ги освети водите во базенот, а потоа беа пресечени кумските колачи.
Освен во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово, празникот Водици се одбележува и во скоро сите села од Тетовско со фрлање на крстот во базените во црковните дворови и во реките што минуваат низ регионот.
https://
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата