Свечена церомонија во МВР по повод 18 февруари
Денеска, (19.02.2024) на платото пред Објектот на Одделот за заштита на определени лица и објекти беше одбележан уште еден значаен ден за македонската полиција - 18 февруари, 79 години од Денот на формирањето на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Бирото за јавна безбедност во МВР.
По тој повод обраќања на овој настан имаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти, Александар Нацевски, а во присуство на раководството на МВР, претставници на Македонскиот полициски синдикат, директорите на Агенцијата за национална безбедност и Агенција за разузнавање, претставници на Амбасадите и полициски аташеа во нашата држава.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека осумдецениското постоење на Одделот укажуваат за богатото професионално портфолио на овој Оддел, за неговиот настанок, раст и развој, за сите успеси на генерациите полициски службеници што го минале работниот век во оваа организациска единица.
„Се работи за специфична, сложена и би додал – репрезентативна полициско-безбедносна служба во чии што натамошен професионален и материјално-технички развој министерството е должно да инвестира.“, истакна министерот Тошковски.
Министерот Тошковски потенцираше дека во периодот што претстои, и покрај мноштвото предизвици со кои што сите ние и како луѓе и како држава се соочуваме, Одделот и сите негови вработени треба да продолжат да креираат и градат професионални стандарди и вредности што ќе носат добри и квалитетни резултати.
Дополнителниот министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во своето обраќање потенцираше дека припадниците на овој Оддел претставуваат синоним за професионалност, лојалност и чесност во службата кон Министерството и кон државата, докажувајќи ја својата професионалност во име на општото добро многу пати досега изминативе скоро осум децении и потенцираше дека целта на министерството е да продолжи да ги гради нивните капацитети, создавајќи подобри услови за работа, воведување иновации и обукисо цел маскимизирање на нивната ефикасност и професионалност.
„Слободно можам да констатирам дека Одделот денеска е на висина на својата задача, благодарение на добрите домаќински политики на раководството на МВР и подобрените услови за работа преку целосна реконструкција на објектот на Одделот во вредност од 9.600.000 денари издвоени од Буџетот на МВР. Набавивме нови службени и цивилни униформи, како и мотоциклистичка опрема за Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување.“, потсети за вложувањата во овој Оддел помошниот министер Бојмацалиев.
Бојмацалиев констатираше дека се евидентни достигнувањата на Одделот преку успешно реализираните самити и конференции на припадниците на овој Оддел за кои изминативе години добиваме највисоки пофалби и признанија како на европско така и на светско ниво на што особено сме горди и како министерство но и како држава домаќин на сите овие значајни настани.
„Прво, успешно спроведената Оперативна Акција „Гоце Делчев“ по повод одбележувањето на 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Второ, успешната организација како домаќини на 30. Европска регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ во Охрид. Трето, гарантираната безбедност од страна на Командно-оперативниот центар во рамки на 30. Самит на ОБСЕ во Скопје.“, наброи некои од нив дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.
На крај Бојмацалиев вети дека министерството за внатрешни работи ќе продолжи да биде силен поддржувач на Одделот за заштита на определни личности и објекти како и досега, обезбедувајќи ги сите потребни ресурси и поддршка за извршување на својата мисија.
Началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти, Александар Нацевски, потенцираше Одделот својата посветеност и професионалност сублимирани во мотото „Секогаш будни“ ја покажа посебно минатата година која беше со голем број настани во која одделот презел активности и мерки на обезбедување на повеќе од 309 странски делегации кои беа во посета на нашата земја со мерки од I, II, III и IV степен на заштита, посебно потенцирајќи го 30 Министерски самит на ОБСЕ, кој се одржа во периодот 29.11-01.12.2023.
„За овој настан Одделот само за лична заштита на ВИП делегациите партиципираше со 420 припадници, како и со 130 припадници за внатрешно и надворешно обезбедување на СЦ „Б. Трајковски, хотел „А.Палас“, а во ниеден момент не дозволувајќи да се намали безбедноста кон личностите и објектите кои секојдневно се под наша заштита. За овој настан неопходни беа многуте подготвителни активности, кои траеа повеќе од година и половина, а резултираа со добра координација, сплотеност, одличната меѓуинституционална соработка, безрезервната размена на информации, како со безбедносно разузнавачкиот сектор во земјава, така и со меѓународната асоцијација на државни служби за обезбедување на личностите под заштита APPS (Association personal protection services) каде Одделот за заштита на определени личности и објекти од 2021 година е полноправна членка.“, истакна Нацевски.
На крај Нацевски се заблагодари на раководството на министерството за континуираната поддршка во изминатите години и оддаде почит со сите припадници на Одделот кои со својот професионален однос и стручност придонесуваат за заштите на достоинството и суверенитетот на државата преку обезбедување на виталните објекти, како и личниот и телесниот интегритет на личностите кои се обезбедуваат.
За време на настанот беше презентиран видео спот со кој присутните имаа можност и визуелно да се запознаат со надлежностите на Одделот.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина и испрати на Сирија 500 метрички тони пченично брашно
-
Прв случај на мпокс потврден во Косово
-
Собранието ќе ја одржи 28-та седница, ќе заседаваат и две комисии
-
Возач од Прилеп тешко повреден откако излетал од патот
-
Пиштол и 53 куршуми пронајдени кај лице од Сарај
-
БиХ: Си ја убил сопругата, па се пријавил во полиција
-
НБ: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки
-
Лавров: Двосмисленото однесување на Франција го поткопува дијалогот за мир во Украина