СУМ ги презентира активностите од бојкотирањето
Глобалната мрежа СУМ (Сите за унитарна Македонија) денеска на прес-конференција ги презентираше акивностите во врска со спроведеното бојкотирање на референдумот, како и резултатите од истражувањето на јавното мислење за поддршка на политиките на претседателот Ѓорге Иванов.
Според Сотир Костов, македонскиот граѓанин од една страна имал избор „Излези за европска Македонија“, а од друга бојкот на Договорот со Грција. Додаде дека „граѓанското рацио сепак се определило за Македонија бојкотира“.
Сашо Кировски ги презентира резултатите од истражувањето, кое го спроведе СИА Виста теренски со директно испрашување на испитаници на територијата на Република Македонија во периодот од 1 август до 30 септември.
Од 1.353 испитаници 277 или 20,47 отсто оговориле потврдно, а 1.076 или 79,53 отсто одговориле со „не“ на прашањето дали референдумсото прашање било формулирано прецизно и недвосмислено.
На прашањето дали ја поддржувате одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за непотпишување на указот за Договорот со, 1.047 или 77,38 отсто одговориле дека ја поддржуваат одлуката, а 306 или 22,61 отсто одговориле дека не ја поддржувата одлуката.
Кировски додаде дека во врска со тоа дали ги поддржувате политиките/постапките и одлуките на претседателот на Иванов во врска со законот за јазиците, преговорите со Република Грција и Договорот со Грција 1.056 или 78 отсто одговориле дека ги поддржуваат политиката/постапките одлуките на претседателот, а 297 испитаници или 22 отсто одговориле дека не ги поддржуваат.
Ново на Сител
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
-
Од 12 октомври нови правила за влез и излез во ЕУ и за Македонците – регистрација на граница со отисок и фотографија