Сугаревски - Жбогар: Поддршка и соработката за подобра инфраструктура
Интензивирање на соработката посебно во делот на подобрување на инфраструктурата, најавија денеска на средба министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Како што соопшти Министерството за транспорт, Сугаревски истакна дека реформите што ќе се спроведуваат во наредниот период ќе бидат во насока на подобрување на севкупната состојба во општеството.
- Поддршката што ни ја овозможува Европската унија за реализација на капиталните проекти е од огромно значење за економскиот развој на Република Македонија. Задоволство ни е што имаме таков партнер и се надевам дека ваквата соработа ќе продолжи и во иднина, рече министерот Сугарески.
Тој изрази благодарност до евроамбасадорот Жбогар за поддршката и искажа целосна подготвеност за продолжување на соработката, посебно за реализација на инфраструктурните проекти.
Ново на Сител
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје