Судскиот процес за трагедијата во „Пулс“ почнува утре

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени започнува утре. Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа.
Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Судот апелира до медиумите за достоинствено известување без сензационализам, со почит кон жртвите и нивните семејства.
Процесот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството ќе биде застапувано од проширен тим од 15 јавни обвинители, со цел да се обезбеди ефикасна и фер постапка.
Обвинителниот акт опфаќа тешки дела против општата сигурност, меѓу кои и сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот.
Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.
МИА
Ново на Сител
-

Судски совет: Недостиг на судии и заостанати предмети во судовите ширум земјава
-

Општина Аеродром ќе го исчисти просторот кај поранешен „Мекдоналд“ и ќе им прати фактура на сопствениците
-

Обвинителство: Одговорните за пожарот во „Пулс“ знаеле за ризиците, но избрале молк и профит, ќе докажеме дека никој не се обидел да ја спречи трагедијата
-

Најмалку 16 загинати и повеќе повредени во руски напад врз Тернопил, Украина
-

Во петок и во деновите од викендот се очекуваат пообилни врнежи од дожд
-

Извлечени две лица што со автомобил заглавиле во надојдената вода на Пчиња
-

Во сообраќајка на патот Валандово-Дојран загина мигрантка од Кина, седуммина се повредени
-

Изгоре балканската дискотека „Вилиџ“ во Виена - нема повредени | ВИДЕО
