Судскиот процес за трагедијата во „Пулс“ почнува утре

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени започнува утре. Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа.
Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Судот апелира до медиумите за достоинствено известување без сензационализам, со почит кон жртвите и нивните семејства.
Процесот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството ќе биде застапувано од проширен тим од 15 јавни обвинители, со цел да се обезбеди ефикасна и фер постапка.
Обвинителниот акт опфаќа тешки дела против општата сигурност, меѓу кои и сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот.
Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.
МИА
Ново на Сител
-

Опозицијата бара анкетна комисија за Кочани
-

Стопанска комора: По примерот на дуалното образование да се реформира и високото
-

Почеток на национална кампања „1 до 5 - стоп за сексуалното насилство врз деца“
-

Доделени клучеви за вселување во типските куќи во Штип
-

Општина Ново Село започнува проект за дигитализација на сите општински услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Предлог-буџетот утре на амандмантска расправа
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
