Судот во Корзика ја потврди забраната за носење буркини
Судот во Корзика ја потврди забраната за носење „буркини“ на плажите на овој француски остров, иако Административниот суд во Франција, минатиот месец пресуди дека забраната претставува „насилство врз основните слободи“.
Корзиканскиот суд го отфрли барањето на француската Лига за човекови права за укинување на забраната, со образложение дека „буркините„ предизвикуваат „силни емоционални потреси“ на островот.
Судот заклучил дека забраната е легална, затоа што се потпира врз одредбите за почитување на јавниот ред во Франција.
„Буркините„ е облека за плажа која сакаат да ја носат некои муслиманки. Таа го покрива целото тело на жената, освен лицето и стапалата.
Оваа муслиманска „мода„ предизвика бранување во француската и муслиманската јавност во Европа, откако 30 градоначалници од приморските места во јужна Франција ги забранија ваквите костими за капење на јавните плажи во тој дел од земјата.
Административниот суд побара укинување на забраната, но и објасни дека таа може да остане во сила ако носењето „буркини„ предизвика вознемиреност во јавноста и претставува ризик од создавање метежи.
Градоначалниците на Корзика уште тогаш соопштија дека тие нема да ја почитуваат одулуката за укинување на забраната.
Минатиот месец, на плажата во малото место Сиско, на Корзика, дошло до тепачка меѓу семејствата на тројца северноафрикански муслимани и млади Корзиканци, во која пет лица биле повредени.
Забраната за „буркини„ прв на островот ја донесе градоначалникот на Сиско.
Ново на Сител
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија