Македонија
15. July 2025 - 12:23

Нуркањето привлечно за туристите

Алтернативните форми како нуркачкиот туризам, вистинска летна атракција за туристите во Охрид.Побарувачката на современиот турист од сезона во сезона расте. Затоа и туристичката понуда мора да го следи чекорот.

Мал е бројот на туристите, посебно оние странските, кои бараат само плажа и сонце.

Најбарани и најинтересни за посетителите се сите оние места на езерото каде има карпи односно локации кои гравитираат околу Градиште,Трпејца и Заум.

Годиниве наанзад туристите се повеќе се ориентирани кон таканаречениот активен одмор . Нуркањето пак претставува можеби една од најатрактивните содржини кога станува збор за ваков вид на одмор во летниот период.