Судир на два авиона во Австралија | ВИДЕО
Во судирот на два лесни авиони над пистата северно од австралискиот град Бризбејн, загинаа две лица, а властите ги истражуваат причините за инцидентот.
Австралиската телевизија 9News јави дека пилотот на вториот авион вклучен во судирот бил само „релативно повреден“.
– Несреќата се случи блиску до земјата на источниот крај на пистата – изјави Пол Реди, инспектор на федералната полиција во Квинсленд.
Несреќата се случила кога едниот авион, во кој биле двајцата пилоти кои загинале излетале од пистата и налетале на авионот на преживеаниот пилот, за кој се вели дека и помага на полицијата во истрагата.
Реди рече дека пилотот имал неверојатна среќа „кога ќе ја видиш штетата предизвикана на теренот“.
На снимката од местото на несреќата се гледаат остатоци од еден авион и друг авион со оштетено крило.
Ново на Сител
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција