Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопштија денеска од Основниот кривичен суд Скопје.
-Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни. Станува збор за судија со 19 - годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник. За сите понатамошни процесни дејствија поврзани со конкретниот предмет, како што посочивме јавноста и странките ќе бидат благовремено известени, велат од Кривичен.
Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје денеска во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, загинаа 62 млади лица, а над 200 беа повредени.
МИА
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура
-
Приведена сопругата на д-р Шаини, напаѓачот е во бегство
-
Тема на денот со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР