Судија од Основниот суд во Охрид поткупен со пет илјади денари
Полицијата поднесе кривична пријава против судија од Основниот суд во Охрид, поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „примање поткуп“.
Според полицијата, Р. С. (56) во својство на службено лице вработен како судија во Основен суд - Охрид, во судски граѓански предмет од вработен во Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз од Охрид, директно побарал и примил поткуп од пет илјади денари, со цел да го искористи своето службено овластување за да донесе пресуда во корист на туженото трговско друштво.
Во текот на декември минатата година во Охрид, пријавениот се сретнал со претставник на туженото Трговско друштво и притоа директно од него побарал поткуп во паричен износ од 15 илјади денари, доколку сака истиот како судија односниот предмет да го реши во корист на неговата фирма. Притоа, вработениот во фирмата му кажал дека сумата била превисока и не можел да му ја даде како поткуп. Во текот на јануари годинава пријавениот повторно го побарал претставникот на фирмата и го повикал во неговата канцеларија, при што сумата за поткуп ја намалил на пет илјади денари.
Бараните пари, пријавениот ги примил на пред три дена во просториите на „Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз“ од Охрид. По наредба на судија во присуство на адвокат бил извршен претрес на пријавениот при што во неговиот лев преден џеб од пантолоните биле пронајдени пет банкноти од по илјада денари со обележани сериски броеви и криминалистичко-технички претходно обработени кои ги примил како поткуп. За претресот извршен е записник а парите и неговиот мобилен телефон со потврда се одземени.
Ново на Сител
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста
-
Калас утре во Скопје, Мицкоски убеден дека ЕУ ќе најде решение за македонската интеграција
-
Зибери: Институциите не реагираат навремено на препораките на омбудсманот
-
Преглед на вестите од светот
-
Прес-конференција на Коцевски
-
Филипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП