Судењето за „Траекторија“ продолжува на 5 февруари
Судењето за постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува на 5 февруари.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.
На следното рочиште ќе треба да биде изведена смс-комуникација на Владимир Пешевски, по што следуваат економски вештачења од СЈО и одбраната.
На денешното рочиште се читаше СМС комуникација помеѓу ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и други лица, меѓу кои и тогашниот амбасадор на Македонија во Кина Оливер Шамбовски. Комуникацијата е во периодот 2012-2013 година и се однесува на договарањето на кинеските компании и кредити за изградба на автопатските делници.
Случајот го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од СЈО.
Според обвинението на СЈО обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанелр штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.
Ново на Сител
-

Имињата на новите министри за празните позиции ќе бидат познати следната недела
-

Премиерот Мицкоски најави анонимни телефонски линии за пријавување мито во здравството
-

Второ мислење за секоја кардиохируршка интервенција и во државно и во приватно здравство
-

Клиниката “Св. Наум Охридски” доби нова апаратура, а ќе се гради и Ургентен центар
-

Неколку критични точки низ државата по обилните дождови
-

Ваучерите за студенти се со лични податоци и ако се препродадат не може да се искористат, вели Мицкоски
-

Синдикалната кошница намалена за 370 денари во Ноември, но сепак надминува 65.000 денари
-

Преглед на вестите од светот

