Судењето за „Сопот“ одложено за 20 декември
Во скопскиот Кривичен суд денеска беше одложено рочиште за случајот „Сопот“, бидејќи Судот не можеше да го утврди идентитетот на сведокот Рамадан Бајрами чија лична карта е неважечка. Следното рочиште ќе се одржи на 20 декември.
Предметот „Сопот“ е од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот.
„Сопот“ е повторно отворен годинава откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, затоа што во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.
Ново на Сител
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам
-
Преглед на вестите од светот