-->
-->
Судењето за „Поткуп“ одложено за 20 ноември
-->
Во скопскиот Кривичен суд денеска е одложено рочиштето за случајот „Поткуп“, поради отсуство на судијката Дијана Груевска-Илиевска, која била на боледување. Новото рочиште е закажано за 20 ноември.
Премиерот Зоран Заев во својство на градоначалник на Струмица, е обвинет дека наводно побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.
На претходното рочиште одбраната на Заев побара изземање на снимките од Посебните истражни мерки објавени на Ју тјуб, но Судот го одби ова барање. Решението дека снимките ќе бидат доказ во постапката им беше врачено на Заев и на неговите адвокати. Одбраната на Заев најави дека ја разгледува можноста за жалба на ова решение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шукова: Модерен конгресен центар за Скопје
-
Ѓорѓиевски: Сообраќајна инфраструктура за безбедни улици
-
Мециновиќ: Модерен транспортен систем
-
Во тек е пријавувањето на болни и немоќни во ОИК, за гласање во домашни услови
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод
-
СДСМ на граѓанска трибина во Карпош
-
Тема на денот со Драган Ѓилас, претседател на ССП и лидер на опозицијата во Србија