-->
-->
Судар на две возила во Скопје, три лица повредени
-->

Вчера во 12,50 часот било пријавено дека на улицата „Скупи“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(56) од Скопје, и патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј.(24) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „опел“ М.А.(57) од Скопје, на која и била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
-

Продолжуваат обвинувањата за набавката на Леонардо хеликоптерите
-

АФД со предност од 10% преку ЦДУ/ЦСУ на федерално ниво
-

Преглед на вестите од светот
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
