Судaр на два американски воени хеликоптери, има жртви
Неколку лица загинаа кога два американски воени хеликоптери се судрија во округот Триг, во близина на воздухопловната база Форт Кембел, во американската сојузна држава Кентаки.
Двата хеликоптера „Блекхок“ (HH60 Blackhawks) се судириле во момент кога спроведувале рутинска вежба околу 22:00 часот по локално време, изјави директорката за односи со јавност на базата „Форт Кембел“, Брендалин Карпентер-Плејер за „Фокс Њуз Диџитал“.
-Екипажот леташе со хеликоптерите „Блекхок“ за време на рутинска обука, кога се случи инцидентот. Засега не е познат статусот на членовите на екипажот. Командата во моментов е фокусирана на грижата за војниците и нивните семејства, рече Карпентер-Плејер.
На местото на несреќата се пристигнати службите за итна помош од повеќе области, а според известувањето на радио станицата WKDZ, можно е да загинале најмногу девет лица.
Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, на Твитер ја потврди несреќата, наведувајќи дека ќе има неколку жртви.
„Ни пристигнуваат тешки вести од Форт Кембел, се очекува дека ќе има жртви. Полицијата, службите за итни случаи во Кентаки и локалните службеници помагаат“, напиша Бешир на Твитер.
Ново на Сител
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции