Субвенции од државата и надвор од сезона – за да имаме повеќе туристи
Дојдовниот туризам креира нови вработувања но не го добива заслуженото место во општетството. Туристичките работници бараат субвенции од државата и надвор од сезоната, зајакнување на капацитетите на агенциите, како и квалификувани кадри. Земјава ги има сите потребни ресурси за да биде светска туристичка дестинација но институциите сеуште не го сфаќаат значењето на туризмот велат тие.
Според Сулев Македонија недоволно се промовира и покрај Агенцијата која треба да работи на поддршка и промоција на туризмот. Најголем проблем е што нема конкретно пазар на кој ќе се рекламира како дестинација.
- Не може да се продава на сите тури, ние учествуваме на 40 саеми за туризам. Приватниот сектор не може да го следи тоа, нашиот капацитет се 6 до 7 саеми.
Во Скопје се одржа втората туристичка берза на која скоро 200 претставници на туристички агенции хотели винарии и други претсавници од областа разговараа за нова и поквалитетна понуда за туристите. По примерот на другите држави во иднина ќе го копираат процесот на создавање туристичка дестинација со македонска автентична приказна.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар