„Студентски отпор“: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците
Младинското движење на студентите кое се бори за подигнување на студентскиот стандард во земјава „Студентски отпор“ денеска соопшти дека студентите ќе излезат на улиците ако не се врати бесплатниот превоз.
- Министерството за образование и наука и ЈСП Скопје нека бидат свесни – студентите нема да молчат додека нивното право на бесплатен јавен превоз се гази поради нечија неспособност и суетност! Укинувањето на бесплатниот превоз е директен напад врз секој студент кој секојдневно се бори со нискиот студентски стандард и високите трошоци. Неуспехот на МОН да го исплати долгот е уште еден доказ дека оваа власт нема капацитет да ги решава вистинските проблеми на младите, се вели во соопштението.
Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, како што наведуваат, студентите ќе излезат на улиците!
- Нема да дозволиме образованието и пристапот до него да бидат жртва на некадарноста на властите. Борбата почнува сега!, стои во соопштението од „Студентски отпор“.
Ново на Сител
-
Едно дете загина при нападот со нож во училиште во Загреб
-
Во Основниот суд Куманово одложено судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
„Студентски отпор“: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците
-
АД ЕСМ: Два термоблока во РЕК Битола исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ Битола 1
-
МВР потсетува: Oд 01.01.2025 задолжителна ознака НМК на регистерските таблички
-
Распустот за основците и средношколците во Србија од 24 декември до 20 јануари
-
ВЛЕН: Со ДУИ нон грата, здраството беше во „клиничка смрт“
-
Обвинителството нема кривично да го гони Дрин Ахмети, количината на пиротехниката не била голема