Студенти од 26 земји на натпревар по меѓународно хуманитарно право „Жан Пикте“
Охрид е домаќин на 30. издание на светски познатиот натпревар по меѓународно хуманитарно право, „Жан Пикте“. На натпреварот, од денеска па во наредните седум дена ќе учествуваат 144 студенти од 26 земји, поделени во екипи од по тројца членови.
Целта на натпреварот е правото да излезе од рамките на учебниците и студентите да работат врз конкретни случаи на примена на хуманитарното право, кое е актуелно со оглед на големиот број конфликти низ светот.
Финалето на натпреварот ќе се одржи во петок, на 30 март. Тимовите што ќе влезат во финале ќе дебатираат на француски и на англиски јазик, а најдобриот тим ќе биде награден од жирито со кое ќе претседава вториот заменик-претседател на Меѓународниот кривичен суд, Марк Перен де Бришамбо.
Официјално натпреварот ќе го отворат амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.
Триесеттото издание на натпреварот „Жан Пикте“ е поддржано од Амбасадата на Франција, Меѓународната организација на Франкофонијата, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, швајцарското Министерство за надворешни работи и голем број организации.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати
-
Владата најавува системско решение за Ѓавато и Дојранското Езеро