Македонија
21. December 2016 - 11:53

Студеното време допрва доаѓа - погледнете какво време не очекува

 
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево но многу ладно.
 
Во наредните денoви под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса времето и понатаму ќе биде стабилно и суво. Температурата ќе биде во благ пораст, а зголемување на облачноста ќе има од недела. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините.
 
Од средината на наредната недела се очекува засилен северен ветер и опаѓање на температурата.