Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег
Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер над 65 километри на час и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 30 литри на метар квадратен, па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места.
Управата за ходрометеоролошки работи соопшти дека преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.
Во Скопје од петок попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Во сабота ќе дува засилен северен ветер и во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат преминат во снег. Во недела ќе има преодно стабилизирање, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат од понеделник попладне.
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран