Loading Video...
Македонија
22. December 2024 - 16:44

Преглед на вестите од светот

Најмалку четири лица загинаа кога хеликоптер на брза помош удри во болница во  провинцијата Мугла, Турција. Несреќата се случила додека хеликоптерот се обидувал да полета за време на густа магла. Сите загинати биле во леталото.

-Денес околу 10:06 часот, хеликоптер за брза помош на нашето Министерство за здравство падна откако удри во четвртиот кат од нашата образовна и истражувачка болница за време на полетувањето од хелиодромот што и припаѓа на нашата образовна и истражува болница во нашата област Ментезе, Котекли. Починале двајца пилоти, еден лекар и еден персонал што биле во него. Има густа магла. Причината се истражува, изјави гувернерот на Мугла, Идрис Акбијик.

Турскиот претседател РЕџеп Таип Ердоган изрази сочуствто до семејствата на жртвите.

Трите деца кои беа повредени  во нападот со нож во основното училиште Пречко во Загреб  добро закрепнуваат објавија од болниците во кои се сместени повредените.  Стабилизирана  е  здравствената состојба  и на  наставничката која додека се обидувала да ги заштити учениците е избодена  31 пат.

-Денеска наставничката добро се снаоѓа, во стабилна состојба, целосно одвоена од механичка вентилација. Таа комуницира, нејзините лабораториски параметри и другиот хемодинамски профил сега се сосема нормални. Засега раните не покажуваат знаци на инфекција или компликации. Изјави Доц. Д-р. Игор Алфиревиќ, заменик директор на кб „Свети Дух

Заменик диркеторот на  Клиничката болницата Свети ДХ додаде  дека Добро закрпенува и 19 гоидшниот напагач, кој по вчерашната операција бил изваден од респиратор  и може нормално да комуницира.  Во нападот е убиено седумгодишно девојче.

Албанија ќе  го блокира  пристапот до популарната видео апликација Тик Ток на најмалку една година, почнувајќи од почетокот на 2025 година. Една година тик ток нема да биде достапен  за никого во Албанија. Апликацијата   поттикнува  насилствто меѓу младите во и надвор од училиштата изајви премиерот Еди Рама. Објани дека   владата ја донела одлуката  откако еден 14 годишен ученик беше избоден до смрт во ноември од соученик а на Тик Ток  се појавија   видеа од убиството, но од млади луѓе кои го поддржуваат убиствотото. Кинеската компанија Бајт Денс во чија сопственост е Тик Ток објави дека ќе побара појаснуавње од Албанија по одлуката за затворање на Тик ток.  Инаку Албанија е прва земја во регионот која го блокира Тик ток. Неколку европски земји, вклучувајќи ги ФРанција, Германија и Белгија воведоа ограничувања за користење на социјалните мрежи за децата.  Најстрогиот закон за социјални мрежи во светот го има Австралија. Пред еден месец Австралија ги забрани социјалните мрежи за деца под 16 година.