Струјата поскапува за 9.48 проценти, се укинува дневната евтина тарифа
Од сабота струјата поскапува за 9,48%, а дневната евтина тарифа веќе нема да има. Евтината струја ноќе и во неделата останува. Ова е решението до кое дојде Регулаторната комисија за енергетика во услови на најтешка енергетска криза во светот. Реалното зголемување на цената требаше да изнесува 25% и нормално е дека енергетските компании во моментов не се задоволни, но Бислимовски вели дека сите треба да сме солидарни.
До овој процент за зголемување Регулаторна дојде откако ги елиминираше трошоците за обновливи извори на енергија, со што се ослободуваат 25 милиони евра. Дополнителни 21 милиони евра се ослободуваат преку кратење на профитите на енергетските компании. Преку укинувањето на евтината дневна тарифа се ослободуваат по дополнителни 100.000 евра дневно. Ако не се укинеше, сметките ќе пораснеа за над 14%.
Алармантна е состојбата и со снабдувањето со парно во Скопје. БЕГ побара зголемување на сметките за 300% или поддршка од Владата во висина од 13 милиони евра за да се обезбеди непречено снабдување со топлинска енергија во јануари. Бислимовски вели дека вакви големи зголемувања на цената не се добри затоа што граѓаните ќе се исклучат од системот и ќе ја зголемат потрошувачката на струја.
Стабилиизрање на пазарот се очекува кон средината на 2022 година, затоа Бислимовски смета дека ново зголемување на сметките од 01.07 догодина не би требало да има, но од февруари ќе има нов тарифен модел според кој поголемите потрошувачи ќе плаќаат повеќе.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар