Бизнис
30. December 2021 - 21:19

Струјата поскапува за 9,48% - одлука за поскапување на парното ќе се носи утре

Од сабота струјата поскапува за 9,48%, а дневната евтина тарифа веќе нема да има. Но онаа во ноќните интервали и во недела останува. Ова е решението до кое дојде Регулаторната комисија во услови на најтешка енергетска криза во светот. Реалното зголемување требало да биде 25%. Енергетските компании не се задоволни, но Бислимовски вели дека сите треба да сме солидарни.

По одлуката за скок на цената, над 7.500 домаќинства со ниски приходи ќе се помагаат финансиски. Следната година тие ќе добиваат намалени сметки за струја од 600 до 800 денари.

- Самците и домаќинствата со два члена  кои имаат месечни примања до 18 илјади денарии домаќинствата со три члена со месечни примања до 21 000 денари ќе добиваат пониски сметки за 600 денари. Домаќинствата со четири членови со приходини до 25 000 денари  и оние со пет и повеќе членови  со месечни примања  до 30 илјади денари ќе добиваат  пониски сметкиз а стуја од 800 денари,  Крешник  Бектеши, министер за економија.

Лидерот на опозицијата Мицкоски пак обвини дека состојбата со електричната енергија е хаотична, а со укинување на дневната евтина тарифа, цената за граѓаните дополнително ќе порасне.

Од СДСМ пак возвратија дека со навремено преземање на чекори во енергетиката, се заштитил стандардот на граѓаните. А со активирање на сите капацитети не се дозволи поскапувањето да биде драстично и да се создаде ценовен шок.

По Нова година домаќинствата ќе се соочат со поскапување и на парното греење. Бектеши вели дека на маса се повеќе опции за тоа како да им се помогне на граѓаните кои го користат. Колку ќе биде поскапувањето ќе се знае утре.