Страст: Ја прекинале свадбата за да гледаат фудбал
Јуни е вообичаено меѓу најпопуларните термини за свадби, па во текот на овој месец своето судбонско „да“ реши да го каже и една двојка од западна Херцеговина.
Но, за нивна несреќа на тој ден и во истиот термин кога беше закажана свадбата, се играше и осминафиналната средба од Европското фудбалско првенство во Франција меѓу Хрватска и Португалија.
Во таква ситуација младенци и покрај свадбата не сакаа да се откажат од нивнита голема љубов кон фудбалот, па за време на прославата гостите можеа да го следат напреварот на голем видео бим.
Работата отиде до таму што младенците дури и го одложија нивниот прв свадбен танц и почетокот на прославата за на полувремето на натпреварот, јави хрватскиот портал Индекс.
За жал, младенците на крај не добија дополнителна причина за славење бидејќи Хрватска беше елиминирана, но секако ќе можат да се пофалат со една од најоригиналните свадби.
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии