Страшна сообраќајка на магистралниот пат Штип-Велес - повредени три дечиња

Вчера, попладнето околу 18 часот часот на магистралниот пат Штип-Велес, атар на селото Три Чешми, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Шаран“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот М.Р.од село Долно Црнилиште, светиниколско и патничко возило „Форд Фокус“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот И.Ш. од Штип.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Форд Фокус“, И.Ш., сопатниците Н.Ѓ. и Н.Н., додека, со телесни повреди се здобиле три деца (две на 10-годишна возраст и едно девет години), сопатници во возилото „Форд Фокус“.
И.Ш. и Н.Н., по укажаната лекарска помош, биле задржани на лекување во Медицински центар Штип, а Н.Ѓ., по укажаната лекарска помош во Медицински центар Штип, поради сериозноста на повредите бил пренесен на лекување во Клинички центар Скопје. Трите деца, по укажаната помош, биле пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. Во периодот од 18.10 часот до 00.30 часот сообракајот бил пренасочуван по регионалниот пат Штип-село Кадрифаково.
Ново на Сител
-

Притвор за 65-годишен раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото малолетни ученички
-

Савевски: Предметот за мазутот не е рефиниран
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
