Страотна несреќа на пругата кај Ниш: Воз удри во автобус, три лица меѓу кои и дете загинаа на самото место, над 20 повредени
Страотен судар се случи утрово околу 7.35 часот во селото Долно Меѓурово кај Ниш кога воз удри во автобус.
Во ужасната несреќа, на самото место загинале најмалку три лица, меѓу кои едното е дете, потврди МВР, додека 6 лица се потешко, а 16 полесно повредени.
Глетката, како што се гледа од снимките е страотна: автобусот на Ниш експрес е преполовен од ударот на возот.
Екипите на Итната помош, пожарникарите и полицијата ги извлекуваат повредените и ги носат во нишката болница. Причината за несреќата се уште не е позната, а железничкиот и патниот сообраќај на оваа делница се запрени. Преминот преку пругата бил обезбеден со адекватна сообраќајна сигнализација, соопштија од Железница на Србија.
На самото место е екипата на РТС, а снимките кои тие ги снимија се вознемирувачки:
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра