Стотици активни огласи за вработување во јавната администрација
Локалните избори завршија, партиите се враќаат во нормала. Огласи за скоро 400 тини вработувања осамнаа на сајтот на агенцијата за администрација. Министерствата, фондовите, општините, бараат нови кадри за работа. Експертите кои ги контактираше Сител велат дека полнењето на администрацијата со нови кадри е крајно време да се стопира, затоа што за некоја година целиот буџет исклучиво ќе биде наменет за покривање на платите на овие работници и за потребите на ПИОМ.
И додека администрацијата се полни, стопанството се потешко може да најде кадар за работа. Според Рафајловски на огласите за работа нема кој да се пријави.
Најмногу вработува Министертвото за политички систем и односи со заедниците, дури 166 лица, околу 70 тина работници се бараат во Фондот за здравство, 20 тина во животна средина. Огласи за работа објавија и други министесртва, но и неколку општини. Најниската плата која се нуди е околу 22 илјади, а највисоката над 80 илјади денари. Според официјалните податоци, во земјава во администрација работат околу 130 илјади лица. Освен домашните експерти и меѓународните институции препорачаа вработувањето во институциите треба да биде засновано на реалните потреби.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар