Стопирани поштенските пратки од кај нас кон Кина, оттаму пристигнуваат се уште
Испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период поради привременета забрана за летови кон и од Кина што ја воведоа авиокомпаниите како резултат на ширењето на коронавирусот, информираат од Пошта на РСМ.
Оттаму истакнуваат дека пратките од Народна Република Кина кои сé уште пристигнуваат се доставуваат според вообичаената динамика.
– Поради ширењето на корона вирусот во Народна Република Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина. Заради тоа, испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период, објави Пошта на РСМ на својата веб страница.
Националниот поштенски оператор ги замолува корисниците за разбирање и најавува дека навреме ќе извести за сите промени.
Претходно, дел од националните поштенски оператори во регионот, информираа дека престануваат да испорачуваат пратки од Кина, поради прекинатите летови од страна на авиокомпаниите.
Светската здравствена организација на почетокот на месецов соопшти дека примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од коронавирус. – Според последните анализи вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети, објави СЗО.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче
-
Дипломатски активности за деблокада на европските интеграции
-
Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија
-
Божиновска смета дека Чебрен и Галиште треба да ги гради државата
-
Се зголемува економската соработка помеѓу општината Тире од Турција и општина Прилеп
-
Балкански самит на МААА
-
Преглед на вестите од светот
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг