Стопанска комора и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ ќе потпишат Меморандум за соработка
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски”, Сашо Коруновски денеска ќе потпишат Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора и Универзитетот.
Со Меморандумот, како што соопштува Стопанската комора, ќе се утврди рамката со која ќе се унапреди заедничката соработката. Целта е искористување на заедничките кадровски потенцијали – наставни, научни и стручни, како и професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности,
-Соработката ќе овозможи напредување на пазарното стопанство, претприемништвото и конкурентноста, како и промовирање на добри бизнис-практики. Воедно, ова ќе претставува и поддршка на приватниот сектор во интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ, особено во поттикнување и изградување на капацитетот за користење на ЕУ-програми и фондови, информира Стопанската комора.
Ново на Сител
-
Филипче: Граѓаните живеат се потешко
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза