Стоп за Ноле во Катар
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ доживеа неочекуван и незгоден пораз во полуфиналето на Катар опен во Доха, откако Шпанецот Роберто Баутиста Агут се врати од загубен сет и брејк негатива во вториот за 3:6/7:6(6)/6:4 победа.
Во меч од два и пол часа, двајцата тенисери играа на високо ниво, а Баутиста Агут го крена нивото во вториот сет, кој го доби во драматичен тај-брејк, пред во последниот сет да му биде доволен еден брејк за победа.
Баутиста Агут сега има 2-7 скор против светскиот број 1, кој сега може целосно да се фокусира на Австралија опен, првиот гренд слем од сезоната кој почнува за две недели. Ѓоковиќ загуби првпат пред едно финале од Торонто минатиот јули!
Во финалето, Баутиста Агут ќе игра со подобриот од пресметката меѓу фаворитот Томаш Бердих и италијанското изненадување, Марко Чекинато.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати