Столтенберг: Русија е земја со која НАТО не сака студена војна
Русија е земја со која НАТО не сака студена војна, изјави денеска на Минхенската конференција за безбедност, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, јавува ТАСС.
Според него односите со Русија треба да се градат „на одбрана и дијалог". - Повеќе одбрана и повеќе дијалог, истакна Столтенберг.
- Запирањето на нуклеарното оружје останува дел од стратегијата на НАТО, бидејќи никој не смее да мисли дека може да користи нуклеарни закани во обичен конфликт, продолжи шефот на Северноатлантската алијанса, пренесува БТА.
НАТО ќе спроведе, невидено по студената војна, зајакнување на источното крило како одговор на решителните дејствија на Русија, посочи Столтенберг.
Генералниот секретар истакна дека не ја смета Алијансата за „лудак, кој влегол во конфликт со Русија". Тој додаде дека НАТО не се откажал од проектот ЕвроПРО, кој не е насочен против Москва.
Шефот на организацијата соопшти дека разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за можно спроведување на советот Русија-НАТО.
Столтенберг истакна дека нуклеарниот договор со Иран не е причина НАТО да го запре проектот ЕвроПРО доколку Иран, а и други земји, продолжуваат да развиваат програми за балистички ракети.
Ново на Сител
-
Задутре почнуваат новите правила за влез и излез од ЕУ
-
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат психијатриска помош по трагедијата во Кочани
-
1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме – започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Преглед на вестите од светот
-
Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
-
Мицкоски: Историски инвестиции во општините
-
Филипче: Власта ги понижи лозарите
-
Ѓорѓиевски: Нов здравствен дом во Кисела Вода