Столтенберг: Најважно е Путин да биде запрен
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека доколку Украина не победи, нема да има смисла да се размислува за нејзино членство во Алијансата.
-Денеска е најважно да се осигураме дека претседателот на Русија Владимир Путин нема да победи… И дека Украина е зачувана како суверена држава бидејќи, во спротивно, ако Украина нема можност да постои како независна суверена демократска држава во Европа, нема смисла да се размислува за нејзино членство, кажа шефот на НАТО на форум во Брисел.
Тој додаде дека во оваа ситуација НАТО сега мора да покаже единство за поддршка на Украина.
Столтенберг, исто така, кажа дека во Киев е доставено многу оружје за контраофанзива.
Генералниот секретар на Алијансата, инаку, следната недела ќе ги посети САД. Тој ќе биде во Вашингтон на 12 и 13 јуни и ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница