Столтенберг ја започна дводневната посета на Македонија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вечерва пристигна во Скопје, каде имаше работна вечера со премиерот Зоран Заев и други владини претставници со што ја започна неговата дводневна посета на Република Македонија.
Како што објави Алијансата на својата веб-страница, Столтенберг заблагодарувајќи се на гостопримството нагласи дека ова е негова прва посета на Македонија како генерален секретар на НАТО.
Се очекува, утре генералниот секретар на Алијансата да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Заев, како и со министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска, со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски, и со лидери на други политички партии.
Столтенберг утре напладне ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија.
Во рамките на посетата, како што информираа од Владата, предвидена е заедничка прес-конференција на Столтенберг со премиерот Заев во прес-центарот на Владата.
Ново на Сител
-
Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче
-
Кога групацијата навистина се грижи: Бесплатни прегледи за сите жени во тимот
-
Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика на морална уцена, но унгарскиот народ одлучи
-
Црвен метео аларм во Бугарија и Романија
-
Приведени двајца криумчари од Скопје, пронајден илегален мигрант од Турција
-
МЕП: Државата од денеска и официјално дел од СЕПА, полесни и побрзи плаќања во евра
-
Приведени две италијански државјанки на ГП Табановце, кај нив е пронајдена дрога
-
На 10 октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори