Столтенберг ја започна дводневната посета на Македонија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вечерва пристигна во Скопје, каде имаше работна вечера со премиерот Зоран Заев и други владини претставници со што ја започна неговата дводневна посета на Република Македонија.
Како што објави Алијансата на својата веб-страница, Столтенберг заблагодарувајќи се на гостопримството нагласи дека ова е негова прва посета на Македонија како генерален секретар на НАТО.
Се очекува, утре генералниот секретар на Алијансата да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Заев, како и со министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска, со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски, и со лидери на други политички партии.
Столтенберг утре напладне ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија.
Во рамките на посетата, како што информираа од Владата, предвидена е заедничка прес-конференција на Столтенберг со премиерот Заев во прес-центарот на Владата.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен на 15 октомври во Скопје
-
Васил Јованов бара поблага казна, обвинителството очекува повисока
-
Засилување на вакцинацијата со МРП за да не дојде до епидемија – синхронизација на 12 закони во здравството
-
Преглед на вестите од светот
-
Се санираат штетите од вчерашниот дефект во Влае кој го остави Скопје без вода
-
СДСМ денеска во Илинден, Петровец, Карпош и Центар
-
ВМРО ДПМНЕ денеска во Македонски Брод и Кичево
-
Османи најавува проекти за развој на спортот во Чаир