Стојановска и Биковски избрани за Републичко обвинителство, во ОЈОГОКК ќе се придружат Хаџи Василева и Азизи
Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги избрал јавните обвинители Валентина Стојановска и Златко Биковски, а за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избрани јавните обвинители Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи.
Како што соопштуваат од СЈОРМ, за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола е избран јавниот обвинител Антонио Јолевски, а за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје е избрана јавната обвинителка Наташа Крстева Цалева,
Понатаму на денешната, трета седница, како што дополнуваат од СЈОРМ, се донела одлука за мирување на функцијата јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола на Ирина Трајкоска Стрезоски поради избор за директор на Академијата за судии и јавни обвинители и се донела одлука за номинирање на членот на Советот – Зорица Павловиќ за заменик член на Етичкиот совет на јавни обвинители.
Ново на Сител
-
По предлог на Вајц, одложено гласањето за предлог-извештајот за напредокот на Македонија
-
ДУИ поднесе интерпелација за претседателот на Уставниот суд
-
ВРЕДИ се уште нема став за една изборна единица
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра
-
Судовите се неажурни во работата, нерешени им стојат 150 илјади предмети