Стојанов: Ќе работиме за доброто на граѓаните на Василево
Кај нас постои девиза, ветуваме-реализираме. Тоа што го ветуваме го исполнуваме, за сето тоа сите ние самите сме сведоци, сето тоа што го реализираме на територијата на општина Василево е всушност Вашиот глас, Вашата програма. Програмата на општина Василево ја креирате токму Вие. Така ќе биде и во оваа програма, сето она што вие го баравте ќе биде реализирано. Ќе ги подобриме сите сфери и области, изјави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на општина Василево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ванчо Стојанов.
-Проектот изградба на систем за фекална канализација за Василево ќе биде главен и основен приоритет во реализацијата на нашите идни проекти, со што населеното место Василево ќе добие комплетен систем за фекална канализација. Согледувајќи ја реалната слика и Вашата потреба драги мои сограѓани и населените места Радичево и Владиевци ќе добијат исто така систем за фекална канализација, а во Пиперево ќе биде изграден и вторит крак за одведување на отпадни води. Веднаш по изборите ќе биде отпочнато со изградба на систем за фекална канализација за Едрениково каде што сите постапки се веќе завршени, изјави Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека центарот на Василево ќе добие Булеварско решение, ќе биде потполно реконструирана централната улица во Василево со пешачки патеки од двете страни и канделабри за осветлување.
-Поврзувањето на патот Чанаклија – Нова Маала ќе биде комплетно реализиран а ќе биде потполно реконструиран и проширен патниот правец Старо-Владиевци – Ново Владиевци. Свој нов локален пат ќе добијат и граѓаните на населено место Сушево со реконструкцијата на патот Владиевци – Сушево. Културниот дом во Василево ќе добие нов лик, ќе биде потполно реконструиран за поребите на сите граѓани. Развојот на економијата ќе продолжиме да го развиваме со проширувањето на индустриските зони кои се бренд на општина Василево, истакна Стојанов.
Кандидатот за градоначалник на Општина Василево од ВМРО-ДПМНЕ Ванчо Стојанов, на своите сограѓани им порача: „Да продолжиме да ја развиваме општина Василево заеднички, да ја направиме општината да биде модерна и современа и да биде топол дом за сите Вас мои сограѓани“.
Ново на Сител
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер
-
Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење
-
Малолетничка тешко повредена откако со својот електричен тротинет се судрила со автомобил