Стојанче Ангелов: Постапката на Ламбе e голема штета за државата
Стојанче Ангелов директор на Центарот за управување со кризи, ги коментираше вчерашните реакции во јавноста по повод апсењето на Ламбе Алабаковски, осомничен за палењето на центарот за култура Иван Михајлов во Битола. Тој објаснува дека од неколку аспекти целиот случај со Клубот е провокација на која „падна“ државата и граѓаните.
- Прво изборот на Градот Битола за отворање на еден ваков клуб во кој нема Бугари односно или има стотина според пописот на населението, потоа намерното бирање на името на овој клуб – Ванчо Михајлов е однапред смислено за провокација. Јас и вчера кажав, овој клуб Ванчо Михајлов беше отворен за да биде искршен или запален. Тоа е однапред смислена провокација на која што наседнавме. Треба да се види дали наивно или на друг начин наседнавме. Сега граѓаните колку и да гледаат со еуфорија и со симпатии кон овој чин, штетата за нас како држава е голема бидејќи ние сега ги потврдуваме бугарските тези дека ние не сме пријателски настроени кон Бугарија, дека не ги сакаме Бугарите, дека Бугарите немаат права – тие отворија културен клуб која патем има име на фашистот Ванчо Михајлов, но тој е културен клуб, а ние тој културен клуб го запаливме како држава и сега Ламбе ќе биде идентификуван како Македонија како сите Македонци, изјави во Утрински брифинг Стојанче Ангелов.
Ново на Сител
-
Аеродромот во Минхен отворен откако втора ноќ по ред беше прекинат ависообраќајот поради забележани дронови
-
Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-
Нови руски напади со дронови врз Украина
-
Герасимовски за Сител: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно
-
Се интензивираат активностите на учесниците на Локалните избори 2025
-
21. „Бела ноќ“ во Скопје
-
Израелската Влада нареди запирање на офанзивните операции во Појасот Газа
-
Сообраќајот тековно, по влажни коловози