Македонија
2. October 2018 - 22:34

Стоилов и Криштопанс како сообраќајни полицајци: Не носите појас, нема карти за Вардар

Екипата на Вардар во соработка со РСБСП направија една интересна акција во која во главна улога беа капитенот капитен Стојанче Стоилов и Даинис Криштопанс и возачите низ нашата метропола.

Имено Стоилов и Криштопанс беа во улога на асистенти на сообраќајната полиција при што оние возачи кои беа одговрни си добија награди или поточно билети за мечот против Рајн Некар Левен во Лигата на шампионите кој се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“.